Пристапување до поставки
Видете ги и изменете ги поставките на својот уред од менито Поставки. До менито Поставки се
пристапува од екранот со апликации и од панелот Брзи поставки.
Отворање на менито за поставки на уредот од екранот со апликации
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки.
Прегледување на информациите за уредот
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > За телефонот.
Активирање на екранот со помош на режимот Допри за будење
1
Проверете дали е вклучен режимот Допри за будење. За да го вклучите, допрете
Поставки > Екран, па повлечете го лизгачот покрај Допирање за будење
надесно.
2
Допрете го екранот двапати.
Отворање на паното со брзи поставки
•
Повлечете ја лентата за статус надолу со два прста.
Исклучување на светилката
1
Повлечете ја лентата за статус надолу со два прста.
2
Допрете .
Одбирање на поставките за прикажување во паното со брзи поставки
1
Повлечете ја лентата за статус целосно надолу, па допрете Уреди.
2
Во лентата во горниот дел од екранот, допрете ја и држете ја иконата за брзата поставка
што сакате да ја додадете, потоа повлечете ја и испуштете ја во долниот дел од екранот.
Преуредување на паното со брзи поставки
1
Повлечете ја лентата за статус целосно надолу, па допрете Уреди.
2
Допрете ја и задржете ја иконата, а потоа преместете ја на саканата местоположба.