Споделување на конекцијата со мобилни податоци
Може да ја споделувате конекцијата со мобилни податоци со други уреди на неколку начини:
•
USB поврзување компјутер на интернет преку мобилен телефон – споделете ја конекцијата со
мобилни податоци со еден компјутер со користење USB кабел.
•
Bluetooth® поврзување компјутер на интернет преку мобилен телефон – споделете ја конекцијата
со мобилни податоци со најмногу четири други уреди преку Bluetooth®.
•
Преносливо жешко место – споделете ја конекцијата со мобилни податоци истовремено со
најмногу 10 други уреди преку Wi-Fi, вклучувајќи уреди што поддржуваат технологија WPS.
Споделување на конекцијата со податоци користејќи USB кабел
1
Користејќи го USB кабелот што го добивте со уредот, поврзете го уредот со компјутер.
2
Од својот Почетен екран, допрете .
3
Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе > Повр. на инт. и преносно „жеш.
“ место.
4
Допрете го лизгачот USB-врзување, па допрете ОК ако треба. Штом ќе се поврзете, во
лентата за статус ќе се појави .
5
За да престанете со споделување на конекцијата со податоци, допрете го лизгачот USB-
врзување или исклучете го USB кабелот.
Не може истовремено да ги споделувате конекцијата за податоци од вашиот уред и SD-
картичката преку USB кабел.
Споделување на конекцијата со мобилни податоци со друг Bluetooth® уред
1
Проверете дали уредот и другиот Bluetooth® уред се поврзани и дали е активиран
сообраќајот на мобилните податоци на уредот.
2
Вашиот уред: Од својот Почетен екран, допрете .
3
Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе > Повр. на инт. и преносно „жеш.
“ место и потоа допрете го лизгачот покрај Bluetooth врзување за да ја вклучите
функцијата.
4
Bluetooth® уред: Поставете го уредот така што ќе ја добива мрежната конекција со
користење на Bluetooth®. Ако уредот е компјутер, погледнете ги релевантните упатства за
да го завршите поставувањето. Доколку уредот работи на оперативниот систем Android™,
допрете ја иконата за поставки покрај името на уредот со којшто е поврзан под Поставки
> Bluetooth > Поврзани уреди, потоа обележете го полето за избирање Пристап
на интернет.
5
Вашиот уред: Почекајте да се појави во лентата за статус. Откако ќе се појави,
поставувањето е завршено.
6
Допрете го лизгачот Bluetooth врзување повторно за да ја исклучите функцијата.
Функцијата Bluetooth врзување се исклучува при секое исклучување на уредот или при
исклучување на функцијата Bluetooth®.
52
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Користење на уредот како преносливо Wi-Fi жешко место
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе > Повр. на инт. и преносно „жеш.
“ место.
3
Допрете Поставки за преносливото жешко место > Конфигурирај го
жешкото место.
4
Внесете ги информациите за Име на мрежата (SSID).
5
За да одберете тип безбедност, допрете го полето Безбедност. Внесете лозинка ако е
потребно.
6
Допрете ЗАЧУВАЈ.
7
Допрете , потоа допрете го лизгачот Преносливо жешко место за да ја вклучите
функцијата.
8
Доколку се побара, допрете ОК за да потврдите. ќе се појави во лентата за статус штом
се активира преносливото Wi-Fi жешко место.
Овозможување на уред што поддржува WPS да ја користи вашата конекција со
мобилни податоци
1
Проверете дали уредот работи како преносливо жешко место.
2
Од својот Почетен екран, допрете .
3
Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе > Повр. на инт. и преносно „жеш.
“ место > Поставки за преносливото жешко место.
4
Под Конфигурирај го жешкото место, проверете дали преносливото жешко место
е обезбедено со лозинка.
5
Вклучете ја опцијата Видлив ако е исклучена.
6
Допрете WPS притисни копче, потоа следете ги соодветните инструкции.
Алтернативно, допрете > WPS PIN запис, потоа внесете го PIN-кодот што се појавува
на уредот што поддржува WPS.
Промена на името или обезбедување на вашето мобилно жешко место
1
Од вашиот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе > Повр. на инт. и преносно „жеш.
“ место.
3
Допрете Поставки за преносливото жешко место > Конфигурирај го
жешкото место.
4
Внесете ги информациите за Име на мрежата (SSID).
5
За да одберете тип безбедност, допрете го полето Безбедност.
6
Внесете лозинка ако е потребно.
7
Допрете ЗАЧУВАЈ.